Комисиска седница за амандманите за Предлог-деловникот на Собранието
Предлог-собранискиот деловник заглави во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Попладне нов обид за почетокот на амандманската расправа...

Предлог-собранискиот деловник заглави во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Попладне нов обид за почетокот на амандманската расправа.
Поднесени се околу 2 илјади амандмани, најмногу од Левица, доставија и пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а дел се од предлагачот, собранискиот спикер Џафери.
Последната седница беше прекината поради консултациите меѓу пратеничките групи и пратениците на Левица, но од партијата не откриваат детали зошто се поднесени над илјада и 800-ни амандмани и што конкретно бараат пратениците од оваа партија.
Сепак како што неофицијално се посочува дека клучни се оние за филибастерингот.
