Корејски Полуостров

Воздушна вежба САД-Јужна Кореја

30.10.2023 10:26

САД и Јужна Кореја почнаа големи воздушни вежби, во кои учествуваат 130 воени авиони на двете земји...

САД и Јужна Кореја почнаа големи воздушни вежби, во кои учествуваат 130 воени авиони на двете земји.

Годишната вежба наречена „будна одбрана“ ќе трае до петок.

Во соопштението на јужнокорејските воздухопловни сили стои дека се планира да бидат вклучени и американски и јужнокорејски борбени авиони Ф-35 и други видови борбени авиони.