Индија

Жртви и повредени во судир на два воза во Индија

30.10.2023 10:26

Расте бројот на жртви и повредени откако се судрија два патнички воза во јужната индиска држава Андра Прадеш...

Расте бројот на жртви и повредени откако се судрија два патнички воза во јужната индиска држава Андра Прадеш.

Во тек е спасувачка операција, се расчистуваат урнатините.

Според официјални лица, човечка грешка е причина за судирот. Дел од возовите се откажани или пренасочени. Несреќата следи неколку месеци по катастрофалниот судир на три воза во која загинаа 292 лица, а илјадници беа повредени во источната држава Одиша.