Тенис
На АТП листата Ивановски повторно со најдобар ранг
30.10.2023 11:38
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранг. На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305-то место со 176 поени или скок за три места.

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранг. На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305-то место со 176 поени или скок за три места.
Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 644-то место или има пад за 16 позиции бидејќи има 75 поени (четири помалку од претходната недела). Ивановски денеска го игра финалето на квалификациите на Челинџерот 75 во Бергамо против Михаил Кукушкин од Казакстан, кој се наоѓа на 213-то место.
Победникот од мечот ќе се пласира на главниот турнир.