Продолжува Самитот за мировниот план на Украина
Во Малта се одржува самит за мировен план на Украина. Присутни 66 претставници од држави и меѓународни организации, но нема претставник на руската федерација. Зеленски предлага план од 10 точки, за Кремљ самитот е контрапродуктивен. На терен продолжуваат жестоките борби. Во Херсон руските сили гранатираа зграда, има загинати и ранети цивили...

Во Малта продолжува Самитот за мировниот план на Украина. На состаноците присуствуваат 66-мина претставници од држави и меѓународни организации, но, без Русија. Пред делегатите за национална безбеденост, украинскиот претседател Зеленски претстави 10 точни, како можност за поддршка на мировниот план, особено по конфликтот на блискиот исток кој е ризик за оддалечување на фокусот од војната во Украина.
„Во моментов на самитот во Малта се работи на пет од десетте точки. Тоа е нуклеарната и радијациската безбедност, безбедноста на храната, енергетската безбедност и ослободување на затворениците и депортираните лица, територијалниот интегритет на Украина, како и светскиот поредок. Формирани се групи на држави кои се фокусираат на имплементацијата“, изјави Володимир Зеленски.
Од Кремљ, пак, велат иницијативата од Малта ја отфрлаат како пристрасна. Портпаролката на руското МНР, Захарова самитот во Малта го нарече контрапродуктивен.
„Самиот во формат Копенхаген е апсолутно нетранспарентна платформа која не ги зема в предвид мислењата на учесниците. Организаторот на настанот ги користи сите средства, вклучително и измама, уцена и закани, за да привлече што е можно повеќе земји, особено оние кои заземаат неутрална позиција во однос на украинската криза. Во исто време, очигледно е дека таквите собири немаат апсолутно никаква перспектива. Тие едноставно се контрапродуктивни“, изјави Марија Захарова, портпарол на Министерство за надворешни на Русија.
На терен продолжуваат жестоките борби меѓу украинските и руските сили. Во Херсон во руските напади има загинати и ранети цивили. Во Црно Море се откриени и уништени два украински брода без екипаж, тврдат од Кремљ.
Маја Стојанова
