Лајчак планира да свика нов состанок за нормализација на односите Белград-Приштина
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, планира да свика состанок со главните преговарачи за да се разговара за следните чекори, и да се стигне до договор меѓу Белград и Приштина. Во посета на регионот од денеска е и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен...

По минатонеделните разговори во Брисел на Алекасандар Вучиќ и Албин Курти, со лидерите и посредниците на ЕУ, Борел изјави дека „нема договор меѓу Белград и Приштина, додека Макрон, Шолц и Мелони во заедничко писмо порачаа дека „ЕУ бара од Белград де факто признавање на Косово, а од Косово формирање на Заедница на српски општини.“
Курти изјави дека бил подготвен да го потпише Договорот за патот кон нормализација на односите, а Вучиќ дека тоа биле трикови на Курти и да предлогот на големата петорка за ЗСО е „добра основа“ за продолжување на работата. Најбитното што го кажа е дека Србија нема да го признае Косово.
Дипломатот Сречко Ѓукиќ оцени дека дошло до регресија на односите меѓу Белград и Приштина.
„Ми се чини дека дошло до уназадување на односите меѓу Белград и Приштина и се покажа дека ниту Белград ниту Приштина не ја почитуваат ЕУ. Двете страни ја гледаат ЕУ како економска организација која треба да им помогне, а не како политичка организација која треба да го реши клучното прашање, а особено не како безбедносна организација“, изјави Сречко Ѓукиќ-дипломат на Србија.
Новинарот Миливое Михајловиќ смета дека ЕУ ја покажа немоќта, како и дека ниту еден од двајцата лидери не сака да го спроведе француско-германскиот план.
„Се покажа дека ниту еден од двајцата лидери не сака да го спроведе француско-германскиот план. И двајцата се чинеше дека се согласуваат со тој план, но подоцна суштински го отфрлија. И Вучиќ и Курти ја играат таа игра, Вучиќ сега е и во предизборна кампања, не му паѓа на памет да ја споменува фотелјата на Косово во ОН, затоа што ако се согласи на со тоа, тоа е политичко самоубиство за секој политичар во моментов“, изјави Миливоје Михајловиќ.
Лајчак денес најави дека наскоро ќе ги покани главните преговарачи во дијалогот да разговараат за следните чекори кон подобрување на имплементацијата на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, а во вторник во Белград пристигнува Урсула фор Дер Лајен.
Колку овие чекори ќе вродат со плод, кога во Србија веќе е почната предизборна кампања за изборите на 17 декември е дискутабилно сметаат аналитачите, особено што следната година доаѓаат изборите и во ЕУ и во САД.
Најдоброто засега се пораките од Белград и Приштина дека и понатаму ќе бидат „посветени на дијалогот и мирот.“
Оливер Бранковиќ
