Активноста на вулканот во Косел е „нормална појава“
29.05.2014 12:51
Дека ништо не е опасно говори и фактот што вчера и денеска во околината на Косел не е регистрирана никаква сеизмичка активност...

Не е алармантна состојбата со вулканот во Косел, како што претходно беше објавено во некои од медиумите.
Од центарот за управување со кризи, вчерашната активност кај вулканот во охридското село Косел ја оценуваат како нормална појава, потенцирајќи дека зголемениот обем на чад кој се појавил синоќа се должи на тоа што во текот на изминатите годините во близина на вулканот жителите го одложувале сметот, затворајќи го притоа отворот на дувалото на самиот вулкан. Со тоа сулфурниот гас наишол на друг отвор и со тоа се ослободил.
Дека ништо не е опасно говори и фактот што вчера и денеска во околината на Косел не е регистрирана никаква сеизмичка активност која е предуслов за каква било вулканска активност, појасни Љупчо Прескаков од Дирекција за заштита и спасување.
Слична ваква појава имало и во 2004- та година.
Јованчо Наумоски
