Судски совет

Апелациските и основните судови најнеажурни

30.10.2023 16:50

Апелациските судови во земјава се најнеажурни помеѓу судовите. Врховниот и скопскиот кривичен најмногу работеле. Ова го покажува тримесечниот извештај на Судскиот совет …

Во второто тримесечје поголем број основни судови биле неажурни. Судскиот совет ги усвои извештаите за нивната работа. Во апелациското подрачје Штип ажурни биле основните судови во Виница, Струмица и Штип, а неажурни основните судови во Делчево, Кочани, Радовиш и Свети Николе. Неажурни исто така биле и Вишиот управен и Управниот суд. Во апелациското подрачје Битола сите судови биле неажурни, освен основните судови во Охрид и Ресен.

Според извештаите, неажурни биле Апелацискиот суд Скопје, Основниот граѓански суд Скопје, основните судови во Велес, Крива Паланка, Куманово, Неготино и Тетово, како и Апелацискиот суд во Гостивар.

Судскиот совет на седницата ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Таа била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови од огласот. Членовите повторно донесоа одлука за оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат немал доставено уредна документација.

Наташа Гркова-Петрушевска