Собрание

Екс-директорот Васев пред анкетната комисија за случајот „Онкологија“

30.10.2023 17:26

„Не чувствувам одговорност“, екс-директорот на Онкологија, Васев реферираше пред анкетната комисија. Вели, немал информации за манипулации со цитостатската терапија, или препродажба на црниот пазар …

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Никола Васев, пред анкетната комисија за случајот „Онкологија“ призна дека се користеле лекови земени на реверс само во случаите кога не смееле да дозволат да им се прекине терапијата на пациенти што веќе почнале да ја примаат. Пратеникот Милошоски праша зошто Клиниката за онкологија набавувала лекови само од една веледрогерија.

Претседателката на Анкетната комисија, Мизрахи повикувајќи се на наодите на државниот ревизор за лошото работење на Клиниката и дека сите пациенти немале еднаков третман, го праша поранешниот директор Васев кој му дал согласност да направи хаос на Онкологија.

Поранешниот директор Васев оцени дека е негов неуспех што не воспоставил пракса за стручен колегиум барем еднаш неделно, иако таков не се одржал 10 години. Васев нагласи дека немал претходни сознанија за случаи пациент кој добил физиолошки раствор наместо неопходниот третман, но сепак призна дека имало откриено два случаи на кражба на дрога.

Ирина Гелевска