Евроинтеграции
Пораки по посетата на Фон дер Лајен
30.10.2023 19:01
Уставните измени да се изгласаат до декември за земјата да продолжи со преговори за влез во европското семејство- Ковачевски и Фон дер Лајен со ист став. Претседателката со Европската комисија не се сретна со Мицкоски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен ја заврши посетата во земјава и се упати кон земјите од регионот. Таа во изминатите два дена оствари средба со државниот врв, но не и со лидерот на опозицијата. Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Европската комисија, а тема на разговорите беа процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската унија. За посетата на Фон дер Лајен известува Миле Ристески.
