Наскоро пониска цена на струја за малите и срдните компании

29.05.2014 13:05

Во следната фаза на либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе има уште поголемо намалување на цената на струјата за малите компании...

Пониска цена на електричната енергија за малите и средни компании ќе донесе третата фаза од процесот на либерализација на пазарот.

Од ЕДС групацијата која се занимава со трговија со струја, на денешниот брифинг за новинарите информираа дека нивните клиенти минатиот месец добиле сметки со пониска цена за струја.

„Секој пад на монопол значи и поголема конкуренција, различни пакети на понуда и различни цени“, изјавија од компанијата, од каде потенцираа дека и во следната фаза ќе има уште поголемо намалување на цената на струјата за малите компании.