Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
31.10.2023 07:57
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец.
