Осудениците од „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, во спротивно најавуваат штрајк
Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.

Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.
Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.
Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои пружила отпор. При претресот, пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога.
