Регион

Урсула фон дер Лајен денеска во Белград на средби со Вучиќ и премиерката Брнабиќ

31.10.2023 09:00

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе биде во посета на Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе биде во посета на Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ и Фон дер Лајен ќе имаат разговор лице в лице во Палатата Србија, а потоа и состанок со членовите на двете делегации.