ЦУК: Од пет пожари вчера, четири се изгаснати, еден е уште активен
Во изгаснатите четири пожари на отворено, горела ниска вегетација. Активен е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово...

Противпожарните тимови во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари на отворен простор, од кои до утрово сè уште еден се води како активен.
Во изгаснатите четири пожари на отворено, горела ниска вегетација. Активен е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово. Добиле известување дека пожарот е на тешко пристапен терен и нема опасност за негово проширување.
ЈП „Национални шуми“ – подружница „Стогово“ од Дебар соопштиле дека во текот на вчерашниот ден не било можно да се интервенира, а во текот на денешниот ден ќе испратат екипа на терен.
