регион

Фон дер Лајен од Приштина: Потребен е дијалог меѓу Косово и Србија

31.10.2023 08:53

На заедничката конференција со косовската претседателка, Вјоса Османи, рече дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот пат на двете земји кон напредокот...

Косово треба да го прифати нацртот за заедницата на општини со српско мнозинство, додека Србија мора да прифати де факто признавање на Косово, истакна претседателката Урсула фон дер Лајен од Приштина. На заедничката конференција со косовската претседателка, Вјоса Османи, рече дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот пат на двете земји кон напредокот. 

Фон дер Лајен се сретна и со косовскиот премиер Албин Курти. Шефицата на Европската комисија во рамките на балканската турнеја посетата ја продолжува во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.