Годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост
Со годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој денеска ќе се одржи во просториите на АВМУ во Скопје, завршува 5-то издание на Денови на медиумска писменост, кои почнаа на 24-ти октомври со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“...

Со годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој денеска ќе се одржи во просториите на АВМУ во Скопје, завршува 5-то издание на Денови на медиумска писменост, кои почнаа на 24-ти октомври со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“.
Годинава на повеќе локации се одржа серијал работилници, панел дискусии и други јавни настани што беа водени од годинешното мото „Брз прст, лажни вести носи“, со што и Северна Македонија се приклучи на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Во Мрежата за медиумска писменост членуваат институции, организации и новинарски здруженија и асоцијации од земјава кои поддржуваат медиумска писменост.
