Црна Гора
Црна Гора доби нова Влада
31.10.2023 09:56
Црногорскиот Парламент изутрината ја избра Владата предложена од мандатарот Милојко Спајиќ, со 46 гласа за и 19 против и еден воздржан...

Со 46 гласа за и 19 против и еден воздржан, црногорскиот Парламент изутрината ја избра Владата предложена од мандатарот Милојко Спајиќ. Во новата Влада се министрите од движењето „Европа“ сега на Спајиќ, демократот Бечиќ и албанската Национална партија и СНП.
Владата беше поддржана од просрпската и проруската десница, чиј лидер Мандиќ претходно беше избран за претседател на Парламентот, но тие не влегоа во владата.
