Сообраќај

МВР: 322 санкции за брзо возење

31.10.2023 09:59

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 195 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.