СМУМ

Свечено доделување на наградата „Златна лира“ и затворање на фестивалот

31.10.2023 10:08

На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година...

Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“.

На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година.

За 2022 година, наградата му се доделува на триото „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано). На завршниот концерт, на кој ќе настапат фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски, ќе бидат изведени дела од Кехлин, Борн, Нусио и Вебер.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ СМУМ