НБА

Нагетси ја совладаа Јута во НБА лигата

31.10.2023 10:46

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше нова маестрална вечер во НБА лигата. Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени...

Нагетси ја совладаа Јута со резултат 110:102 и ја продолжија победничката серија. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше нова маестрална вечер во НБА лигата. Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени (шут од поле 12/16) со 11 асистенции и 10 скока.

Ова е негов 107. трипл-дабл учинок во кариерата. Нагетс ја забележаа четвртата победа во НБА лигата.