Јапонија
Заложничка драма во Јапонија
31.10.2023 12:21
Вооружен маж отвори оган пред болница во јапонската префектура Саитама, во близина на Токио...

Заложничка драма во Јапонија. Вооружен маж отвори оган пред болница во јапонската префектура Саитама, во близина на Токио.
Повредени се две лица. Во обид да се скрие од властите се упатил во поштата во близина, каде што земал непознат број луѓе како заложници.
Претходно, пожар избувнал во станбена зграда на околу еден километар од болницата само неколку минути пред престрелката.
Инспекторите веруваат дека напаѓачот, кој има 80 години, живее во еден од становите.
