Италија

Поплави во северна Италија

31.10.2023 12:32

Поплави во северна Италија. Се излеа реката Севезо, голем број населби во Милано останаа под вода...

Поплави во северна Италија. Се излеа реката Севезо, голем број населби во Милано останаа под вода. Дождови и поплави се пријавени во Парма, Пјаченца и во близина на Џенова.

„Го преселивме уличниот пазар и ќе треба многу да се работи на оваа област. Толку големи поплави сме немале од 2014 година“, изјави Марко Гранели, советник за безбедност.

Цивилната заштита издаде нов црвен аларм за лошо време во регионот Венето.