Идризово

Затворениците најавуваат штрајк со глад

31.10.2023 13:28

По инцидентот од саботата, затворениците од „Идризово“ најавија штрајк со глад, бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншки комитет...

Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.

Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.

Ана Јосифовска Тодоровска, за состојбата во казнено-поправната установа разговара со омбудсманот Насер Зибери.