Македонската економија нотирана како најбрзорастечка
29.05.2014 13:35
Прогнозите за 2015-та се дека растот на македонската економија ќе биде еден од највисоките, изјави премиерот Никола Груевски...

Светска банка оцени дека Македонија лани имаше трет најголем раст на економијата во Европа, а годинава втор. Прогнозите за 2015-та се дека тој раст ќе биде еден од највисоките, изјави премиерот Никола Груевски.
Таквите оценки се верификација на она што владата го прогнозираше и го реализира, вели премиерот, додавајќи дека новата влада ќе продолжи со истото темпо, целосно фокусирани на економијата.
Проблеми има, како што е невработеноста, но генерално работите во економијата одат во добар правец, оцени премиерот Груевски.
