„Форбс“: Ангела Меркел најмоќната жена на светот по 9 пат

29.05.2014 13:45

Ангела Меркел е прва политичка ѕвезда од поранешна Источна Германија од обединувањето досега...

59-годишната Ангела Меркел прва на листата на „Форбс - 25 најмоќни жени на светот за 2014“. Десет пати во топ 10 од 11 изданија, германската канцеларка девет пати е на прво место во изборот на финасиско економскиот магазин. Според Форбс, моќна ја прави лидерството на една држава,  истовремено таа е `рбетот и оригиналниот архитект на 28-члената ЕУ.

Ангела Меркел е прва политичка ѕвезда од поранешна Источна Германија од обединувањето досега.

„Слободата не доаѓа сама по себе, мора да се бориме за неа и потоа секој ден од нашиот живот да ја браниме“, вели Меркел. 

Втора на листата е 67 годишната директорка на федералните резерви на САД Џенет Јелен.  На трето место е сопругата на Бил Гејтс-  49 годишната Мелинда Гејтс-која е доминантен филантропи успешен управувач со парите од нивната Фондацијата.

Четврта е претседателката на Бразил- Вилма Русеф (66), а петта Кристин Лагард (58), директорка  на ММФ.

На листата се Хилари Клинтон, Мишел Обама, Опра Винфри, Бјонсе, директорки на големи социјалните мрежи, портали и пребарувачи како и други жени политичарки и економисти од истокот.

Соња Стојановска