Македонија

Втора жртва на семејното труење со „Ланате“, почина и бабата која ја замесила питата со праз

31.10.2023 15:17

По повеќе од 10 дена поминати во болница, почина бабата којашто ја приготвила домашната пита со праз, во којашто го имало пестицидот „Метомил“, попознат како „Ланате“. Таа е втора жртва на семејното труење, откако претходно почина 47-годишна жена. Мажот е пуштен на домашно лекување...

По повеќе од 10 дена поминати во болница, почина бабата којашто ја приготвила домашната пита со праз, во којашто го имало пестицидот „Метомил“, попознат како „Ланате“. 79- годишната жена не успеа да се спаси.

Таа е втора жртва на семејното труење, откако претходно почина 47-годишна жена. Мажот е пуштен на домашно лекување.

Сè уште не се знае како отровот завршил во јадењето. Обвинителството од домот на семејството подигнало 20-тина различи траги, кои се вештачат. Се проверуваат и медицинските истории на пациентите.