Мицкоски: Свиркачи доставија докази за случајот „Онкологија“
Според него, ако тоа што го добиле се потврди како точно тогаш, како што рече, „може да каже дека имаме работа со монструми, не со луѓе коишто и покрај ова што се случува продолжуваат со злоупотреби коишто имаат нечовечки размери“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски соопшти дека партијата од свиркачи добила документи и докази дека на Клиниката за онкологија и годинава продолжиле да се прават злоуптреби. Тој најави дека наскоро ќе ги обелоденат сите информации.
Според него, ако тоа што го добиле се потврди како точно тогаш, како што рече, „може да каже дека имаме работа со монструми, не со луѓе коишто и покрај ова што се случува продолжуваат со злоупотреби коишто имаат нечовечки размери“.
„Планираме со ова да излеземе во јавност доколку ова што го достави свиркачот се потврди како точно и имаме намера да му отвориме на Обвинителството сериозна работа бидејќи гледаме дека со истрагата во Министерството за внатрешни работи се калкулира, се препелкаат, тогаш ние имаме намера да ја преземеме работата во свои раце и да одиме до крај“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
