Предлог-законот за амнестија в четврток на собраниска седница
Предлог- законот за амнестија е предвидено да се донесе по скратена собраниска постапка. Со него се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996.

Предлог- законот за амнестија е поминат на Влада и е доставен до Собрание, а се очекува да се најде на дневен ред на пленарна седница во четврток. Власта вели дека целта е да се растоварат затворите. Се најавуваат и амандмани.
Предлог- законот за амнестија е предвидено да се донесе по скратена собраниска постапка. Со него се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996.
Во моментот, 2.114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2.813 чекаат да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.
Експертите велат дека со дел од законските измени направени во изминатиов период, на некој начин се врши упад во судството.
