Македонија

Николовски и Агелер во Горна Матка и Ржаничино посетија успешни жени земјоделки

31.10.2023 18:17

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска заедно со претседателката на Националната Федерација на Фармери, Васка Мојсовска беа во посета на успешната земјоделка Јасмин од „Матка фарма“ во село Горна Матка Скопје и Зорица Димовска, жена земјоделка од село Ржаничино...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска заедно со претседателката на Националната Федерација на Фармери, Васка Мојсовска беа во посета на успешната земјоделка Јасмин од „Матка фарма“ во село Горна Матка Скопје и Зорица Димовска, жена земјоделка од село Ржаничино, општина Петровец, две успени жени земјоделки со успешни земјоделски приказни, соопштуваат од МЗШВ.

„Матка фарма“ е во сопственост на Јасмин и Уран, вредни земјоделци кои произведуваат козјо млеко и сирење, јајца од кокошки и препелици, фелафел, кајмак, димено сирење, димена риба, слатко од дуња. Вкусни домашно приготвени производи во кои министерот Николовски и амбасадорката Агелер заедно со руралните жени членки на Националната Федерација на Фармери, можеа самите да се уверат на денешниот заеднички појадок на „Матка фарма“.

Во текот на денот министерот Николовски и амбасадорката Агелер  беа во  посета на фармата од Зорица Димовска, која е уште еден успешен пример на успешна жена земјоделка.

Таа одгледува крави и има своја мала млекара во која го произведува вкусното бурата сирење. Зорица го напуштила градот и метежот и заедно со нејзиното семејство се преселиле во село Ражаничино, каде работат само земјоделство. Зорица е корисник на мерката рурална жена со која обезбедуваме грантови до 6.000 евра, но исто така и корисник на мерката за поддршка до 75% во изградба на мандри на бачилата, мерки за поддршка преку Програмата за рурален развој.

Продолжуваме да бидеме силна поддршка на секоја жена земјоделка која живее и вредно работи во руралните средини, а нивните успешни приказни со гордост ги раскажуваме, промовирајќи ги нивните убави домашно подготвени производи, нагласуваат од Министерството за земјоделство.