Влада

Грковска во работна посета на Република Грција

31.10.2023 18:30

Во рамки на оваа посета, вицепремиерката Грковска ќе оствари средби со министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу, министерот за правда Јоргос Флоридис и заменик директорката на грчката Национална агенција за транспарентност, Александра Рокгаку.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска до 3 ноември ќе биде во работна посета на Република Грција, инфомрираат од владината прес- служба.

Во рамки на оваа посета, вицепремиерката Грковска ќе оствари средби со министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу, министерот за правда Јоргос Флоридис и заменик директорката на грчката Национална агенција за транспарентност, Александра Рокгаку. Работната посета на Атина вклучува и средба со потпретседателот на Националната школа за јавна администрација и локална самоуправа, Јоргос Флоридис, соопштуваат од Владата.