Париз

Француската полиција застрела жена која упатувала закани во воз

31.10.2023 19:00

Службата за вонредни ситуации реагирала откако еден од патниците пријавил дека жена, која носела хиџаб, упатувала разни закани и извикувала „Алах е голем“. Полицајците отвориле оган откако жената не реагирала на предупредувањата.

Француската полиција застрела жена која упатувала закани во воз во Париз. Службата за вонредни ситуации реагирала откако еден од патниците пријавил дека жена, која носела хиџаб, упатувала разни закани и извикувала „Алах е голем“. Полицајците отвориле оган откако жената не реагирала на предупредувањата.

Ова е најнов инцидент во земјата која го подигна нивото на безбедност поради терористички закани откако овој месец исламски екстремист уби професор во средно училиште.