Германија

„Олаф лаже“- климатски активисти протестираа во Берлин

31.10.2023 19:35

Според активистите, тврдењата на владата дека мерките против климатската катастрофа се доволни „се лага опасна по живот“.

Климатски активисти на нов протест во Берлин. Членовите на групата „Последна генерација“, испишаа „Олаф лаже“ на белата фасада на канцеларијата во Берлин.

Според активистите, тврдењата на владата дека мерките против климатската катастрофа се доволни „се лага опасна по живот“.

Минатиот месец, активистите ја офарбаа портокалово и Бранденбуршката порта со цел преземање поитни мерки против климатските промени.