Брисел: Посетата на претседателката на ЕК на Западен Балкан е јасен показател за важноста на процесот на проширување
Писонеро вели дека се работи на извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство и истите ќе бидат разгледувани на 8-ми ноември.

Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан е јасен показател за важноста што ЕУ му го придава на процесот на проширување, велат од Брисел.
Во тој контекст е и новиот План за раст, за кој Фон дер Лајен говореше при посетата на земјите од регионот изминативе два дена. Се работи за економско поврзување на Западен Балкан со ЕУ кој ќе ги донесе земјите-кандидати поблиску до единствениот европски пазар и пред зачленувањето.
Портпаролката на Комисијата, Писонеро вели дека се работи на извештаите за напредокот на земјите-кандидати за членство и истите ќе бидат разгледувани на 8-ми ноември.
