Временска прогноза
Променливо облачно време со сончеви периоди
01.11.2023 07:51
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец...

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени, а максималната ќе достигне 25.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде до 21 степен.
