Пет нови тома од едицијата „Македонски искушенија“

29.05.2014 14:03

Изданијата им се посветени на личностите и историските случувања, кои оставија длабоки траги во македонската историја, на Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Тодор Александров, Ристо Шишков и Балканските војни...

Промовирани се пет ексклузивни публикации, историски книги врз основа на документарни филмови, посветени на значајни личности и настани од македонската историја, прикажани на Македонската радио телевизија.

Изданијата им се посветени на личностите и историските случувања, кои оставија длабоки траги во македонската историја, на Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Тодор Александров, Ристо Шишков и Балканските војни.

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабет Канческа-Милевска и главниот и одговорен уредник на проектот „Македонски искушенија“ Раде Силјан.

„Преку проектот „Македонски искушенија“ се дава целосен научен, литературен и филмски осврт, на повеќе историски теми, поединци и настани од македонската историја. Тоа е најмалку што можеме да направиме за денешните, но и за сите идни генерации. Да понудиме македонски поглед на нештата. Сите тие ќе имаат можност да се навратат на македонското минато, преку содржината која е обременета од разни пропаганди од современата македонска наука и визиолизирана преку современиот македонски документарен филм“, рече Груевски.

Проектот, според него, е резултат на заложбите на Владата, да направи нешто што одамна недостасувало и да остане нешто вредно за сегашните и идните генерации.

Министерката Канческа-Милевска истакна дека оваа едиција нуди научно верифицирани факти, аргументи и толкувања кои говорат за долгата историја на македонската борба за државност и самостојност.

Проектот „Македонски искушенија“ предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои се збогатени со документарните филмови, а досега се промовирани девет изданија.