Енергетика

Од денеска повисоки сметки за парно

01.11.2023 08:15

Од денеска 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје, со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)...

Од денеска 4,51 отсто се зголеми цената на парното греење во Скопје, со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според најавите од РКЕ, не се очекува да има корекција на цената до крајот на грејната сезона и покрај најавеното воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на мегават час руски природен гас низ бугарскиот гасовод.

Тоа, како што кажа, не е работа на РКЕ, а една од опциите е и да ни се зголеми капацитетот на интерконективниот гасовод што го имаме со Бугарија за да може да доаѓа природен гас и од други земји, освен од Русија.

Со корекцијата на цената, на сметка од илјада денари зголемувањето ќе изнесува 45 денари. А, пак, просечна сметка од 1.800 денари ќе биде повисока за 80 денари, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој посочи дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите, кои укажувале на повисоките трошоци што ги имаат, па сметале дека крајната цена треба да се зголеми за околу 50 проценти.

Вкупно 64.000 домаќинства во Скопје се снабдуваат со топлинска енергија преку системот за централно греење кој работи на природен гас.