Прва Ренална експертска академија денеска во Скопје
На Академијата ќе учествуваат врвни експерти за нефрологија и бубрежна нега и од Северна Македонија и од Шведска, со цел да разговараат за здравствените предизвици на хроничната бубрежна болест која ги засега милиони пациенти и здравствените системи ширум Европа...

Во Скопје денеска ќе се одржи првата Ренална експертска академија. Академијата е долгорочен заеднички напор на Северна Македонија и Шведска за размена на искуства помеѓу експерти од нашите земји, чии кодомаќин се Министерството за здравство на Северна Македонија и Амбасадата на Шведска.
Како што соопшти прес-службата на шведската Амбасада, на Академијата ќе учествуваат врвни експерти за нефрологија и бубрежна нега и од Северна Македонија и од Шведска, со цел да разговараат за здравствените предизвици на хроничната бубрежна болест која ги засега милиони пациенти и здравствените системи ширум Европа.
Првата од ваков вид Ренална експертска академија ќе биде отворена со поздравни обраќања од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин и Ане Јохансен, претставник на Светската здравствена организација во земјата.
