На ред дојде и Герамнија
На собир и најдоброто во моментов од женскиот ракомет. Спортскиот центар Кале е местото каде селекторот Ристо Магдинчев со своите избранички ќе ја гради стратегијата за преостанатото од квалификациите за Европското 2014-та, двомечот со Германија. На и онака списокот со поголем дел млади ракометарки во негвата поширока верзија се најдоа уште неколку плус, од оние со кои се настапи против Русија.

На собир и најдоброто во моментов од женскиот ракомет. Спортскиот центар Кале е местото каде селекторот Ристо Магдинчев со своите избранички ќе ја гради стратегијата за преостанатото од квалификациите за Европското 2014-та, двомечот со Германија. На и онака списокот со поголем дел млади ракометарки во негвата поширока верзија се најдоа уште неколку плус, од оние со кои се настапи против Русија. Покрај ваквата ситуација во која се наоѓа женскиот репрезентативен ракомет, со почнување ново поглавје, кое се смета да продолжи со позитивен континуитет во иднина, се размислува победнички.
Ништо нема од можноста која се наговестуваше за засилување на Мак селекцијата со натурализирани ракометарки, па така само со домашни сили ќе се влезе во дуелот со германките прво дома на 11 јуни, а потоа за три дена каи ним на гости. Од повиканите 25 ракометрки, Магдинчев конечниот збор за оние кои ќе се најдат на списокот за со Германија ќе го каже во понеделник.
Досега нашите девојки одиграа два натпревари од квалициската група 7, со Русинките, од кои беа поразени и во обата дуели.
