Ден на осигурање

Ковачевски: Расте интересот за осигурувањето за поголема сигурност кај граѓаните и компаниите

01.11.2023 12:00

Ковачевски упати срдечни честитки по повод 1-ви ноември, Национален ден на осигурувањето и честитки до Агенцијата за супервизија на осигурувањето, регулаторот на осигурителниот пазар, по повод нивната 14 годишнина од постоењето која се одбележува токму на овој ден...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележување на Националниот ден на осигурувањето – 1- ви Ноември, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Ковачевски упати срдечни честитки по повод 1-ви ноември, Национален ден на осигурувањето и честитки до Агенцијата за супервизија на осигурувањето, регулаторот на осигурителниот пазар, по повод нивната 14 годишнина од постоењето која се одбележува токму на овој ден. Зборуваше за значењето на осигурувањето, но и за значењето на актуарската професија.

Додаде, Денот на осигурувањето да биде поттик за силна порака до сите чинители дека овој финансиски инструмент опстојувал и да продолжи да опстојува како силна гаранција и двигател за стимулирање на економскиот и инвестицискиот развој и сигурност.

Осигурувањето е важно средство кое обезбедува сигурност при решавање на разните предизвици со кои се среќаваме, при совладување на последиците од климатските непогоди, покривање на потребите за школување, потреба од здравствените услуги и стандарди или обезбедување на спокојни пензионерски денови.

Охрабрува фактот што во нашата држава расте интересот за осигурување, а според бројките најголем е интересот за каско осигурувањето, како и за приватното здравствено осигурување, но и за другите видови. Најновите трендови препорачуваат осигурување од одговорност согласно дејноста, но и се наметнува потребата од справување со современите предизвици, како што се ризиците од сајбер нападите.

Сето ова е показател дека расте и свеста кај граѓаните за значењето и за придобивките од осигурувањето и бенефитите кои тоа ги носи. Со поставувањето на регулативата, даночните олеснувања, формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување, создавањето услови за конкурентност на овој пазар, државата ги постави основите на осигурителната дејност, кои континуирано ќе се надоградуваат и преку подготовка на ново законско решение кое наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.

Уште еднаш упати честитки по повод Националниот ден на осигурувањето и честитки и до сите 14 студенти математичари од Природно-математичкиот факултет кои се наградени со стипендии од домашните осигурителни компании, стои во соопштението од Влада.