Борбите во Украина продолжуваат
Борбите во Украина продолжуваат во правец на Купјанск, Харков и Луганск, во правец на Бахмут и јужен Доњецк, како и во насока на Шахтјор и Запорожје. Нападнат центарот на Херсон...

Борбите во Украина продолжуваат во правец на Купјанск, Харков и Луганск, во правец на Бахмут и јужен Доњецк, како и во насока на Шахтјор и Запорожје. Нападнат центарот на Херсон. Загина работничка од градската администрација, повредени се две лица.
„Се тресам оттогаш.Слушнав вресок и видов искршени прозорци. Како што ми кажаа, една жена почина, а неколкумина се повредени“, изјави сведок на нападот.
Вооружените сили на Украина објавија дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана успеала да собори 18 од 20 беспилотни летала Шахед и една ракета.
Од Вашингтон предупредуваат, доколку Конгресот не го одобри пакетот-помош за Украина, војната оди во корист на Путин.
