Европа

Големи поплави погодија неколку земји во Европа

01.11.2023 12:12

Силен ветер и поплави погодија неколку земји во Европа. Бурата Киаран зафати делови од Ирска. Издадени предупредувања луѓето да не патуваат...

Силен ветер и поплави погодија неколку земји во Европа. Бурата Киаран зафати делови од Ирска. Издадени предупредувања луѓето да не патуваат. На удар на невремето неколку области во Велика Британија, издадени над 70 предупредувања за поплави.

„Знаевме дека доаѓа лошо време. Знаевме дека водата е висока. Ние сме во поплавена рамнина. Имаме река и канал, но никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави Имон Коноли-менаџер.

Поплави ја зафатија вчера и Италија и Словенија. Поради бурата Киаран под тревога и во северозападниот дел на Франција.