Србија

Српскиот претседател ја потпиша одлуката за распуштање на Парламентот

01.11.2023 12:15

Српскиот претседател ја потпиша одлуката за распуштање на Парламентот и објави дека вонредни избори ќе се одржат на 17-ти декември...

Српскиот претседател ја потпиша одлуката за распуштање на Парламентот и објави дека вонредни избори ќе се одржат на 17-ти декември. Вучиќ, посочи дека е важно земјата да ги зачува мирот, стабилноста и да демонстрира демократија.

Претходно претседателот на српскиот Парламент за истиот датум распиша избори за советници на собранијата на 65 градови и општини во Србија.