Санација на коритото на реката Вардар
Со 10 милиони европски пари ќе се заменуваат нееколошките системи на затоплување во четири најзагадени градови во Македонија. Ова е една од мерките на Владата во пресрет на сезоната на загаден воздух...

Јавните објекти во Тетово, Скопје Битола и Куманово ќе добијат еколошки системи за затоплување, најави министерката за животна средина, Каја Шукова. Со европски пари ќе се заменат старите грејни тела. Таа ги повика и општинските власти да преземат вакви чекори, важни за намалување на аерозагадувањето.
Таа денеска беше во посета на Општина Јегуновце, каде се промовираше проектот за подобрување на отпорноста кон поплави во полошкиот регион. Со локалните власти и УНПД најавија чистење и санација на коритото на реката Вардар.
За работи за спроведување на првата фаза од проектот кој ќе го финансира швајцарската Влада со 12 милиони долари. Потоа се планира целосна регулација на Вардар, односно изградба на речно корито.
Зоран Димовски
