Прилеп

Прилеп: Хуманитарност за пациентите со цистична фиброза

01.11.2023 12:26

Хуманитарен концерт во центарот за Прилеп и донации за пациентите со цистична фиброза. Најголемиот проблем сè уште останува – системско решавање на ситуацијата и терапија за сите...

Околу 140 пациенти со цистична фиброза, од нив двајца од Прилеп сè уште чекаат системско решавање на проблемите особено со терапијата. Само 12 пациенти ја примаат и алармантноста одамна е надмината.

Секој хуман и хуманитарен настан значи привлекување на вниманието и подигнување на свестаза проблемите на пациентите. А донирањето е еден вид подадена рака.

Со донирање, прилепчани се покажаа како хумани.

 

Елизабета Митревска