Македонија
Поранешната министерка Јанкуловска од денеска на слобода
01.11.2023 12:41
По поминати 3 години и 1 месец поминати во затвор, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода. Нејзиното излегување од затворот „Идризово“ е со условен отпуст...

По поминати 3 години и 1 месец поминати во затвор, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода. Нејзиното излегување од затворот „Идризово“ е со условен отпуст, по одлука донесена од скопска Апелација.
Јанкулоска во затворот била работно ангажирана во библиотеката на женското одделение и својот ангажман го извршувала со посветеност, навремено и во целост.
Јанкулоска во „Идризово“ ја издржуваше затворската казна од 4 години како осудена во предметот „Тенк“, во септември 2020 година.
