Штрајк во научните и во високообразованите институции во Хрватска

29.05.2014 14:44

На факултетите нема настава, ниту работа со студентите, освен најнужните обврски за да нема евентуални штети, јавува ХРТ...

На факултетите и на научните институти се штрајкува поради намалување на платите, но и незадоволството во образовниот систем. Според Независниот синдикат на науката,кој е организатор на овој еднодневен штрајк, одзивот е поголем од очекуваното.

На факултетите нема настава, ниту работа со студентите, освен најнужните обврски за да нема евентуални штети, јавува ХРТ. Претседателот на Големото собрание на синдикатите Вилим Рибиќ најавил дека наскоро ќе ги обелоденат наредните чекори за заштита на правата на вработените што ќе ги преземе синдикатот. Вчера најавил,како можна опција,да не се издаваат свидетелствата, дипломите, потврдите за испити, како и да се опструираат уписите за новата учебна година. Според некои професори, се отвора морална дилема дали е оправдано во битката против Владата да страдаат трети лица. На 31 мај, в сабота, ќе се разгледаат ефектите од штрајкот, најавува синдикатот.

Соња Стојановска