Форум

Османи на форум за Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

01.11.2023 12:46

Бујар Османи денес се обрати на Форумот за Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, организиран од страна на Македонско Американската Алумни асоцијација...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес се обрати на Форумот за Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, организиран од страна на Македонско Американската Алумни асоцијација.

Тој нагласи дека Стратешкиот дијалог се претвори во сериозна платформа чија цел е унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји со конкретен план на активности, односно конкретни проекти за соработка во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други области.

На форумот на кој учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер како и претседателката на Македонско Американската Алумни асоцијација, Верица Јорданова, Османи се осврна на образовната соработка.

На 2-ри јуни минатата година, во Вашингтон, Османи и американскиот државен секретар, Антони Блинкен го лансираа дијалогот, со што Северна Македонија стана првата земја меѓу шесте земји од Западниот Балкан што го започна овој значаен процес.