Седница

Распитот за случајот „Онкологија“ продолжува

01.11.2023 14:33

Нова седница на Анкетната комисија за Онкологија. Пред пратениците сведочеа луѓе кои имаат искуство со лекување на оваа клиника. Тие апелираа што поскоро да се расчисти случајот за да се врати нарушената доверба во оваа здравствена установа...

Пациенти кои се лекуваат на Клиниката за онкологија бараат итно расчистување на случајот, и политиката да ги тргне рацете од скандалот. Пред членовите на Анкетната комисија посочија дека довербата во здравствениот систем е нарушена, и тоа дополнително влијае врз нивното здравје.

Претседателката на Анкетната комисија уверува дека случајот целосно ќе биде расчистен, без разлика каков и да е исходот.

Дел од сведоштвата и дека терапијата на клиниката не е квалитетна, но без конкретен одговор дали лекарите барале поткуп. Даријан Петров, вели дека за неговата мајка терапијата ја набавувале од странство.

Пред Анкетната комисија требаше да дадат исказ и Народниот правобранител и претседателката на Лекарската комора, но поради службени обврски не дојдоа. Според најавите распитот треба да финишира в петок, а за 30 дена да биде изготвен извештајот со заклучоците.

 

 

Андријана Ѓурческа