Циампирис: Грција пред избори, мали шанси за решавање на проблемот со името

29.05.2014 15:06

Грција не е под некој особен притисок од меѓународната заедница, што подразбира дека владата не е подготвена да се соочи со проблемот...

Резултатите од изборите во Европскиот Парламент во Грција, се вовед во предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат во 2015, вели експертот Аристотел Циампирис.  

Посочува дека изборните резултати не претскажуваат ништо добро за решавање на спорот за името, најмалку во следните девет месеци.

Грција не е под некој особен притисок од меѓународната заедница, што подразбира дека владата не е подготвена да се соочи со проблемот, кој може да предизвика сериозни политички проблеми.